ДМ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ И ДЕНОВИТЕ ЗА ОДМОР НА ВРАБОТЕНИТЕ Задоволството на вработените на прво место

На вработените им се достапни 13-та и 14-та плата во вид на регрес за годишен одмор и дополнителна плата пред божикните празници, со што се остваруваат 14 плати годишно во полн износ. Од оваа година, на вработените им се на располагање и меѓу 22 и 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

142

Компанијата dm drogerie markt ја потврдува посветеноста кон своите вработени со зголемување на бруто-платите во просек за речиси 10 отсто на почетокот на 2026 година. Ова зголемување е знак на благодарност за постојаниот труд и придонесот на сите вработени, како и продолжување на долгогодишната традиција за унапредување на работните услови и создавање стимулирачка средина за професионален и личен развој. Освен зголемувањето на платите, од оваа година се воведуваат и дополнителни денови за годишен одмор – вработените имаат најмалку 22, а најмногу дури 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

– Ние во dm веруваме дека придонесот на секој поединец ја создава силата на нашата заедница и дека долгорочната одржливост на бизнисот се гради преку заедничко дејствување. Сеопфатниот пакет мерки и бенефити е нашиот начин да ја искажеме благодарноста и да потврдиме дека континуирано ги слушаме потребите на вработените. Со тоа создаваме сигурна и стабилна работна средина што го поттикнува професионалниот и личниот развој. Заедно го градиме dm како простор на инспирација, поддршка и меѓусебна грижа, каде што се препознава и вистински се вреднува трудот на секој член од тимот – изјави Маја Петровиќ Колаковиќ, раководител на секторот за човечки ресурси во dm Србија и во Македонија.






Освен редовното зголемување на платите, dm на своите вработени им обезбедува и голем број погодности што дополнително го унапредуваат квалитетот на работата и на животот. На вработените им се достапни 13-та и 14-та плата во вид на регрес за годишен одмор и дополнителна плата пред божикните празници, со што се остваруваат 14 плати годишно во полн износ. Од оваа година, на вработените им се на располагање и меѓу 22 и 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

Грижата за добросостојбата на вработените се забележува и преку обезбедувањето проширени систематски прегледи и поддршка за физичкото и менталното здравје преку различни иницијативи и работилници.

dm континуирано вложува во професионалниот развој на вработените преку разновидни обуки и едукации приспособени на различни нивоа на искуство и курсеви по германски јазик, во согласност со барањата на работното место. Приспособливите модели на работа, како што се флексибилно работно време, можноста за работа од дома за позициите што го дозволуваат тоа, како и скратеното работно време во секторот за продажба дополнително придонесуваат за одржување на балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Посебно внимание е посветено на семејството на вработените преку многубројни иницијативи, како што се креативните програми за деца и слободен ден за тргнување на детето во прво одделение.

Во dm, грижата за вработените е составен дел од деловната филозофија. Компанијата останува посветена на создавањето работна средина во која се препознаваат иницијативата, одговорноста и посветеноста, а вработените чувствуваат сигурност, почитување и слобода да бидат свои.

Поврзани содржини