ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА ЗА 2 ДЕНАРА Цените на останатите горива не се менуваат
Цената на дизелот полноќ ќе изнесува 78,50 денари по литар.
Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% .
Според одлуката, за 2 денара се намалува цената на дизелот и тој од полноќ ќе се продава по цена од 78,50 денари по литар.
Цената на останатите горива е непроменета, па така цената на „еуросупер -95“ останува 83 денари по литар, на „еуросупер- 98“ е 85,50 денари.
Останува и цената на масло за горење на 77,50 денари по литар, и цената на мазутот која изнесува 42,901 денари по килограм.