Дизелот од полноќ поскап, а бензините ќе се нудат по пониски цени
Малопродажната цена на бензинот„еуросупер БС-95“ од полноќ се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 48,50 денари за литар. Цената на „еуросуперот БС-98“ че се намали за 1,50 денари и ќе изнесува 50,50 деари за литар.
Дизелот и екстралесното масло за домаќинства од полноќ поскапуваат за 0,50 денари за литар, а цената на бензините се намалува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот„еуросупер БС-95“ од полноќ се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 48,50 денари за литар. Цената на „еуросуперот БС-98“ че се намали за 1,50 денари и ќе изнесува 50,50 деари за литар.
Малопродажните цени на „еуродизелот (Д-Е V)“ и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари за литар.Цената на дизелот од полноќ ќе изнесува 46,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 денари по килограм и ќе изнесува 18,891 денари за килограм.