Директорот на СЗО: Добога, изгубивме 60.000 луѓе во светот, што правиме? ВИДЕО

Адханом на прес конференција за новинарите во Женева повика на единство на државно ниво, да запре користењето на пандемијата за добивање политички поени, искрена солидарност на глобално ниво и искрено водство на САД и на Кина.

1,205

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом ги повика политичарите да престанат да политизираат со коронавирусот.

Тој ја бранел работата на Организацијата откако претседателот на САД Доналд Трамп упати критики до СЗО и навести дека Вашингтон би можел да го преиспита финансирањето на Организацијата.






Адханом на прес конференција за новинарите во Женева повика на единство на државно ниво, да запре користењето на пандемијата за добивање политички поени, искрена солидарност на глобално ниво и искрено водство на САД и на Кина.

Според него, сите политички партии би требало да се насочат на спасување на својот народ, предупредувајќи дека вирусот победува таму каде што има разидување на национално и на глобално ниво.

– Добога, изгубивме 60.000 луѓе во светот! Што правиме? Нема потреба ковид-19 да се користи за добивање на политички поени – порача тој.

Поврзани содржини
na