ДИМКОВСКА ВО КУЛТЕН НЕДЕЛНИК Песната „Милениче“ објавена во „Times Literary Supplement“
„Милениче“ од Димковска е објавена на англиски јазик, во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш-Стефановска.
Песната „Милениче“ од македонската поетеса Лидија Димковска е објавена во последниот број на лондонскиот култен неделник „Тајмс литерари саплмент“ („Times Literary Supplement“), кој е едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура.
„Милениче“ од Димковска е објавена на англиски јазик, во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш-Стефановска.
Песната „Милениче“ е од последната поетска збирка на Лидија Димковска „Гранична состојба“, објавена во 2021 година во издание на „Или-Или“, која ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор на Струшките вечери на поезијата што се одржаа во август.