ДИМИТРОВ МУ ОДГОВОРИ НА ОСМАНИ Не знам која верзија ја читате, Илинденското востание е Илинденско во македонската верзија!
Манипулирате за клучни делови од протоколот од 2019 година, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот - НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати.
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров му одговори на обвинувањата на сегашниот министер Бујар Османи дека во 2019 година прифатил промена на името на Илинденското востание во „Илинден-Преображение“.
Димитров во пост на Фејсбук обвинува дека Османи спинува и манипулира со клучните делови од билатералниот договор од 2019 година и повторува бугарски тези во врска со одделни прашања.
Го пренесуваме одговорот во целост:
„Навистина? Ама дали навистина?