Димитров: Датумот за преговори е 16 јули бидејќи ЕУ очекува да продолжиме со реформите
Димитров сметка дека земјава нема право на грешки.
Ако ние продолжиме по овој зацртан пат, пристапните преговори ќе бидат отворени за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, изјави носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров на денешната трибина со граѓаните во општина Центар.
– Ако се собереме во 2024 година повторно овде во центарот на Скопје, ќе зборуваме кога ќе влеземе во Европската Унија. Другата опција нема да ги почне пристапните преговори низ целиот нивен хипотетички мандат – рече Димитров.
Димитров сметка дека земјава нема право на грешки.
– И економски и демократски ние ќе бидеме подобра држава. Да обезбедиме убедлива победа на силата што влече напред – рече Димитров.