Димитриевски: Општина Куманово нема никакви долгови, има само побарувања
Димитриевски истакна дека во октомври при давањето отчет за тригодишното работење изразил амбиции за нов мандат.
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски тврди дека општината е извадена од финансиска дубиоза и во моментов нема никакви долгови и обврски кон никого.
– Должиме 0 денари, а побаруваме средства и дополнително реализираме сериозни инфраструктурни проекти. Тоа е наша обврска како менаџери на градот. Ова дождливо време малку ни ги поремети плановите, бидејќи веќе почнавме со изградба на инфраструктура во руралните средини и планираме штом ќе даде можност времето да продолжиме. Успеавме да направиме многу и за градот и за општината – рече Димитриевски во „Утрински брифинг“.
Тој истакна дека во октомври при давањето отчет за тригодишното работење изразил амбиции за нов мандат, бидејќи програмата е концепирана на две, четири и осумгодишни проекти.
Димитриевски посочи дека политизацијата во општеството е голем проблем и има огромна поделба помеѓу граѓаните. Тој смета дека таа мора малку да спласне, а ќе добие повеќе кај граѓаните и на сила и на значење.