Димитриевски: Куманово денеска е раздолжена општина со 2 милиона евра во касата

Кумановскиот градоначалник вели дека општината е единствена и по изградена гасоводна мрежа.

1,084

Општината Куманово е целосно раздолжена и единствена која што успеа финансиски да се деблокира и денеска на овој ден точно Куманово има на жиро сметка свои сопствени средства околу 2.000.000 евра коишто планираме да ги инвестираме во нови инвестиции, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во интеревју за кумановската телевизија Стар.

-Кога дојдов на позиција како градоначалник Општината беше во децениски долгови. Успеавме во првите две ипол години да ги санираме тие финансиски проблеми. Само тековните обврски на општината беа околу 870 милиони денари, или повеќе од 11,1 милиони евра, вклучувајќи ги и доспеаните камати. Денеска Куманово има стабилен буџет и стабилна сметка. Ако затековме долгови заедно со јавните претпријатија приближно некаде околу 20 милиони евра, денеска општината е целосно раздолжена. Единствена општина сме во државата која што успеа финансиски да се деблокира и денеска на овој ден точно Куманово има на жиро сметка свои сопствени средства околу 2 милиона евра коишто планираме да ги инвестираме во нови инвестиции, согласно развојната програма којашто ја носи и усвојува Советот на Општина Куманово – рече Димитриевски.






Тој зборувајќи за економскиот развој на Куманово  рече дека е изградена соодветна патна и гасна инфраструктура од која само 20 километри е подземна гасоводна мрежа.

-Ние сме единствен град во државата која има суштински воведено гас. Покрај нас има Струмица, но нивниот концепт на работа е друг. Ние сме приклучени на главниот цевковод којшто е во државата, под владение на Гама. Имаме неколку гасни станици и со сопствени средства ја шириме гасоводната мрежа. Тоа е едно од најсериозните претпријатија и најперспективни во градот. Граѓаните може да добијат гас и приклучок на гас на сите оние локации кадешто имаме изведено секундарна и терциерна гасоводна мрежа на тие 20 километри – рече Димитриевски.

Поврзани содржини