Неговата сопруга Никол се обидела да добие дозвола од лекарот за да се тестира Конрад на коронавирус, но ја одбиле.
– Не сакаа да го тестираат. Се бидов неколкупати и молев. Не сакаа да го тестираат заради неговата возраст и затоа што тој немаше други здравствени проблеми“.
На 22 март, состојбата на Конрад се влошила толку многу што Никол го однела во болница. Лекарите веднаш го интубирале. Никол отишла да го паркира автомобилот и никогаш повеќе не го видела својот сопруг.
– Се вратив до болницата, но тие веќе ја заклучија вратата. После тоа, тие не пуштаа никого внатре. Не стасав да му кажам дека го сакам – раскажала сркшената Никол.
Смртта на Конрад Букенан покажува колку ковид-19 е опасна болест. Никој не е имун на овој вирус. Од негов можат да умра млади и здрави луѓе.
Никол е исто така позитивна на коронавирусот. Таа засега нема сериозни симптоми, но го изгубила сетилото за вкус и мирис. Нивната ќерка Скај сè уште ги чека резултатите од тестот.
Никол Букенан ги замоли сите да останат дома и да преземат мерки на претпазливост, за никој друг да не мора да поминува низ тоа што претрпе нејзиното семејство.
– Сметајте го ова за сериозно. Не сакам никој друг, нечие семејство, ниту деца, да го поминат она што го поминувавме. Нашиот здравствен систем не е подготвен за ова. Останете дома – рекла таа.