Девојката го оставила оти бил дебел, но тој се заинатил и ослабел 75 килограми
На почетокот бил во депресија, особено кога неколку недели по раскинувањето дознал дека неговата поранешна веќе има ново момче, но вежбањето му го поткревало расположението.
29-годишниот Фелим Стак од Бристол направил животна промена откако девојката го оставила пред скоро две години.
Тогаш тој имал 165 килограми и само се дебелеел. Меѓутоа, истата ноќ кога девојката раскинала со него, тој одлучил да го промени целиот свој начин на живот.
Следниот ден се зачленил во теретана и почнал да ја менува исхраната.
– Само сакав тие килограми да исчезнат, бидејќи буквално ми беа како тег околу вратот кој ми ги преокупираше мислите. Многу ми беше лошо во главата, но одлучив дека мојата приказна нема да заврши тука. Ако продолжев да се прејадувам, не би дочекал ни 30 години – рекол Стак за „Дејли Мејл“.
Како што објаснил, почнал да комбинира храна со вежбање и драстично го намалил внесот на калории. Често одел во теретана во 2 наутро за да трча на лента.
– Ништо не можеше да ме дефокусира, а мајка ми ми рече дека всушност сум многу згодно момче под сите тие килограми – раскажал Фелим, кој денес има 5-годишен син кој го нарекува „мускулест татко“.
На почетокот бил во депресија, особено кога неколку недели по раскинувањето дознал дека неговата поранешна веќе има ново момче, но вежбањето му го поткревало расположението.
– Балонот во кој беше целиот мој живот, одеднаш пукна. Не сакав да користам лекови за депресија и наместо тоа одлучив дека вежбањето ќе го користам како антидепресив. Бесплатен ендофрин и допамин ми беа подобра опција од хемикалии – раскажал тој.
18 месеци откако почнал да вежба, ослабнал дури 75 килограми и изгледа подобро од било кога. За себе вели дека е нов човек, во теретана вежба шестпати неделно, а во својата рутина додал и возење велосипед и трчање во природа.