ХРВАТСКИОТ ПРЕМИЕР „ТОПИ“ КИЛОГРАМИ Пленковиќ за еден месец ослабел 13 килограми

На премиерот во март му беше извршена операција на срцето поради проблеми со аритмијата. Дали Пленковиќ се подложил на строга диета и го сменил начинот на живот?

794

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ видливо ослабел. Медиумите ја коментираат драматичната промена, иако никој не е сосема сигурен на каква диета е премиерот.

Извор близок до него неодамна открил дека Пленковиќ за еден месец ослабел 13 килограми.






Во средината на март, хрватскиот премиер беше опериран на клиниката „Ребро“, поради проблем со срцевиот ритам. Му била извршена катетерска аблација. Лекарите користат катетер за да стигнат до срцето преку крвните садови, каде што ги таргетираат и ги неутрализираат областите што предизвикуваат неправилни срцеви ритми.

Операцијата заврши успешно и Пленковиќ брзо се врати на секојдневните должности. Но, неговото слабеење упатува на претпоставката дека тој драстично го сменил начинот на живот и се подложил на строга диета.

Поврзани содржини