ДЕТЕ ИЗБЕГАЛО ОД ГРАДИНКА, ГО БАРАЛЕ НИЗ АВТОКОМАНДА! Родители бараат дисциплинска постапка за одговорните
Мајката на детето, која е самохрана мајка, е под притисок да не го објави случајот во јавноста и ѝ било понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка нејзиното дете е префрлено во друг клон на градинката – тврдат родители на децата.
Од детската градинка Детска радост, објект Темјанушка, во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и дури по потрага која траела извесно време, било пронајдено и вратено назад – информираа група загрижени родители, кои за овој инцидент одржале состанок.
Тие велат дела вработената во градинката со инивијали Р.П., по чија вина и од чија група детето избегало, не била воопшто санкционирана од директорката Анета Петровска и добила единствено усна опомена.
„Мајката на детето, која е самохрана мајка, е под притисок да не го објави случајот во јавноста и ѝ било понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка нејзиното дете е префрлено во друг клон на градинката. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост“ – се вели во отвореното писмо на родителите.
Тие одржале состанок, на кој присуствувале родители на 116 дечиња кои ја посетуваат оваа градинка, од кој произлегле неколку барања.
„Бараме министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, под чија надлежност е сега градинката Детска радост, веднаш и без одлагање да ја разреши директорката Анета Петровска.
Бараме отпочнување дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа“ – се вели во отвореното писмо на родители на деца згрижени во градинката Детска радост.