ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ НАПАД ВРЗ ТОВАРЕН БРОД Пловел под знаме на Гвинеја-Бисао и превезувал пченка

Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија, а на бродот бил и украински пилот од подружницата на Управата за морски пристаништа, кој е меѓу загинатите.

253

Десет лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден од ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа.

Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство. Пребарувањето и спасувањето траеле цела ноќ, а пожарот на бродот бил ставен под контрола. Осум члена на екипажот биле спасени и транспортирани на брегот.






„За жал, десет лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот од Украинската управа за морски пристаништа“, се вели во соопштението Украинската поморска управа.

Погодениот брод испловил од украинското пристаниште на 19 јули натоварен со пченка. Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија. Со нив на бродот бил и украински пилот од подружницата на Управата за морски пристаништа, кој е меѓу загинатите.

Поврзани содржини