СУСПЕНДИРАНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГОСТИВАРСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ Вонредна седница на Советот на Гостивар и состанок на кризниот штаб

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно и најави дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот и надминување на состојбата со водата во градот.

591

За состојбата во изминативе денови во Гостивар ќе се дискутира на вонредна седница на Советот на Општина Гостивар, најави градоначалникот Валбон Лимани. Тој додаде дека наскоро ќе се состане и кризниот штаб, за да се донесат „одлуки за надминување на проблемите со зголемениот број на заболени“.

– Директорката на ЈП „Комуналец“ Артана Асани е суспендирана заедно со уште неколку лица, кои се одговорни за градскиот водовод – рече Лимани на прес-конференција.






Лимани ги повика институциите да ја завршат нивната работа објективно и најави дека ќе соработуваат со нив до расчистување на случајот и надминување на состојбата.

Локалната самоуправа ќе објави број за граѓаните кои не се во можност да обезбедат вода за пиење, за да им биде донесена поблиску до нивните домови.

Лимани искажа благодарност до сите компании поединци кои деновиве се ангажираа за да се надмине недостигот на вода за пиење.

Поврзани содржини