ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО ПОЛИЦИЈА Девет возеле без дозвола, меѓу нив и двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лишила од слобода 10 возачи поради безобѕирно управување со возило. Девет немале возачка дозвола, двајца биле малолетници, а еден возел под дејство на алкохол.

0

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, информира Министерството за внатрешни работи.

Дури деветмина од нив возеле без возачка дозвола, а меѓу нив имало и двајца малолетници.






Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода во која била причинета материјална штета, додека друг возач бил фатен како управува возило под дејство на алкохол.

Случаите се расчистуваат, по што против возачите ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Од МВР повторно апелираат до учесниците во сообраќајот да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку имаат забрана за управување со возило или се под дејство на алкохол.

Полициските контроли се дел од активностите за спречување на најтешките прекршоци во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни несреќи.

Поврзани содржини