Деркоски: Нема да го потпишам Избирачкиот список ако се оди на избори 22 дена по вонредната состојба

2,952

 

Претседателот на државната изборна комисија Оливер Деркоски во интервју за Курир  вели дека во овие два месеци апелирал до сите оние кои ќе донесат одлука за одржување на изборите да внимаваат како ги носат бидејќи нашата земја се наоѓа во пандемија,






– Јасно е дека моменталната ситуација во која се наоѓа државата носи нови предизвици и јасно е дека треба да се внимава на секој чекор. Доколку се организираат избори во вакви услови ќе треба да се организираат најверојатно многу повеќе човечки ресурси и многу заштитни средства, а сето тоа подразбира повеќе финансиски средства – вели Деркоски.

Тој додава дека ДИК доколку се донесе одлука ќе мора да ги спроведат изборите, иако во оваа ситуација процесот ќе биде многу комплициран.

– Не е возможно да се одржат избори за 22 дена затоа што нема избирачки список, со кој избирачки список би оделе на избори? Толкувањето на уредбата која е предмет на некои политичари, експерти и слично вели дека не треба да се продолжи 22-от ден пред денот на изборите. Уредбата вели дека се запираат дејствијата кои што беа дотогаш, а во вториот став се вели дека на ДИК и се дава задача ден по вонредната состојба да изготви ревидиран роковник. Тоа значи дека ДИК ќе мора да ги предвиди овие рокови за избирачкиот список повикувајќи за на изборниот законик. Во тој роковник ние ќе ги предвидиме сите рокови кои се потребни за да се направат легални и легитимни избори – вели Деркоски.

Тој додава дека доколку има таква хипотетичка ситуација тој како претседател на ДИК нема да го потпише тој избирачки список и се надева дека истото би го направиле и дел од колегите.

– Тогаш би паднале во една поинаква криза и поинаква ситуација која ќе предизвика друга ситуација, затоа што јас не сакам да носам одговорност за нелегитимен процес и не може да ме натераат на тоа. Треба да се почитуваат законските прописи во државата – вели тој во интервјуто за порталот Курир.

Поврзани содржини