Денеска ќе знаеме дали на отворено ќе дишеме без маски

Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за ковид соевите како индискиот, кои се потенцијален ризик за државата.

203

Комисијата за заразни болести денеска треба да ја разгледа можноста за олабавување на ковидмерките и за укинување на полицискиот час, а прва тема за дискусија на состанокот ќе биде носењето маски на отворено.

Одлуката на Комисијата зависи од проценката на целокупната епидемиолошка ситуација и на параметрите, но и од предвидувањата и информациите за ковид соевите како индискиот, кои се потенцијален ризик за државата.






Во меѓувреме, бројот на заразени стивнува, а вакцинирани се речиси 228.000 граѓани.

Поради ова, надлежните очекуваат ублажување на мерките од идната недела. Владината Група за процена, пак, вчера едногласно реши да предложи продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на КОВИД и спречување на неговото ширење.

Поврзани содржини