ДЕМОКРАТСКИ СЕНАТОР ТВРДИ ДЕКА ТРАМП ЛАЖЕ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ИРАН Ван Холен предупредува на опасностите од натамошне ескалација

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф и портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Багхаеи, категорично ги отфрлија тврдењата на Трамп, истакнувајќи дека не се водени ниту директни ниту индиректни разговори.

0

Крис Ван Холен, сенатор од редовите на Демократската партија на САД, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека лажe кога зборува за преговори со Техеран.

– Знаеме дека лаже кога вели дека Иранците разговараат со нас и дека се на пат да му дадат на Доналд Трамп сѐ што сака. Да, тоа е лага – изјави Ван Холен во разговор со водителката Кејси Хант на Си-ен-ен во емисијата „Арена“.






Оспоруваните разговори на кои се повикува Трамп се однесуваат на неформални, задкулисни дискусии насочени кон завршување на војната, вклучувајќи барања Иран да ја запре програмата за збогатување ураниум, да се ослободи од залихите обогатен ураниум и да го отвори повторно Ормускиот теснец за меѓународен транспорт на нафта.

Ван Холен уште предупреди дека било каков американски напад врз иранската енергетска инфраструктура, вклучувајќи ги тука и плановите за напад на островот Харг, би биле воено злосторство и кршење на меѓународното право.

Трамп на платформата „Truth Social“ објави дека преговорите со Иран се одвиваат многу добро и продуктивно, најавувајќи петдневна пауза на нападите врз иранските електроцентрали и енергетската инфраструктура.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф и портпаролот на Министерството за надворешни работи, Исмаил Багхаеи, категорично ги отфрлија тврдењата на Трамп, истакнувајќи дека не се водени ниту директни ниту индиректни разговори.

Поврзани содржини