Обожавателите на Деми Мур се згрозени откако таа објави фотографија од својата домашна канцеларија – од бањата.
Во промоцијата на нејзиниот нов подкаст, славната 57-годишна актерка сподели фотографии од бањата каде се наоѓа канцеларијата.
„Возбудена што конечно ќе го споделам она што го работам. Првата епизода од #DirtyDiana излегува в понеделник, 13 јули“, напишала таа покрај фотографијата на која седи на кауч, со лаптоп на масичката, а зад не се гледа и тоалетната школка.
Целата просторија е покриена со тепих, а зад актерката се наоѓа и мијалник и бројни козметички производи. Каучот со цветен дезен порано се наоѓал во нејзината дневна соба, судејќи според фотографиите што ги објавуваше во текот на карантинот.
На втората фотографија се прикажани и влошки, а до неа има голема статуа.
„Оваа бања е дефинитивно проколната“, коментира еден обожовател.
„Ова е најчудната бања што сум ја видел досега“, „Имам многу прашања“, „Деми ???“, се неколку од реакциите.
ФОТО: Instagram