ДЕЛТА ПЛУС СОЈОТ НЕ Е ДОКАЖАН ВО ЗЕМЈАВА Почната е постапка за собирање брисеви за испитување
Епидемиолозите велат дека новиот сој вирусот кој е регистриран 40 земји треба да се очекува и во нашата земја.
Досега во Македонија нема потврдено случаи на делта плус сојот, но веќе е почнато да се прават брисеви за да се потврди дали има носители на новиот вирус, изјави за „Фокус“, директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети.
– Во моментот сѐ уште нема докажани случаи, но веќе почнавме со правење брисеви во МАНУ и Институтот за јавно здравје, па да видиме што ќе се случува – вели Мемети.
Делта плус сојот на коронавирусот досега е потврден во повеќе од 40 земји, а како што велат епидемиолозите, прашање на денови е кога ќе се појави и во земјава. Овој сој се смета дека многу побрзо се шири од делта сојот, а клиничката слика е посериозна.