ДЕЦАТА ВИ ТРГНУВААТ ВО ГРАДИНКА ИЛИ УЧИЛИШТЕ Родители вакцинирајте се да го заштитите семејството
Според податоците, министерот истакна дека досега со најмалку една доза се вакцинирани близу 700.000 граѓани, а од кои 510.000 се ревакцинирани.
Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција, истакна дека охрабрува тоа што бројките на новодијагностицирани опаѓаат, но дека е премногу рано да се каже дека е некаков тренд и дека се будно се следи целата ситуација.
Тој повторно упати апел до граѓаните за масовна вакцинација, а особено на родителите чии деца сега ќе почнат да одат во училиште или во градинка и на децата коишто не може да се вакцинираат, мислејќи на оние под 12-годишна возраст.
– Многу е важно родителите на децата кои ќе одат во градинка или училиште да се вакцинираат со цел да се обезбедат семејствата. Ова ние е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата, затоа што историски сите пандемии и епидемии завршиле исклучиво со вакцинација, а не со прележување на болеста – рече министерот при денешнотото отворање на вакциналниот пункт во малата сала во СРЦ Борис Трајковски.
Според податоците, министерот истакна дека досега со најмалку една доза се вакцинирани близу 700.000 граѓани, а од кои 510.000 се ревакцинирани. Како што вели Филипче, радува фактот што во последниот период значително расте интересот за вакцинација на помладите, од 18 до 40 години, и сега таа бројка изнесува околу 170.000 вакцинирани.
Тој смета дека можеби вакцината против коронавирусот ќе стане и сезонска и оти ќе биде потребна и трета доза за што, според него, зборуваат и голем број студии. Кај нас се разгледуваат студиите и искуствата, нагласи, но веројатно е дека практично целиот свет ќе оди во таа насока. Сега се разгледува по кој период од ревакцината треба да се прими третата доза и дали треба да биде од ист или различен производител.
Според него, кампањата „Вакцинирај сѐ“ ќе биде клучна за зголемување на свеста кај граѓаните од потребата од имунизација.
– Кампањата значи видео спотови, вклучување на видни и јавни личности од светот на културата, светот, сите кои мислиме дека имаат влијание на различни групи во општеството за да се зголеми свеста за важноста на вакцината. Ова ќе биде долготраен процес. Се зборува за трета доза вакцина, можеби ќе стане сезонска иако е рано да се каже. Потребна е честа комуникација со граѓаните за пораката која се кажува секојдневно. Ова нема да престане додека не се вакцинираме сите – рече Филипче.