ДЕЦАТА ЌЕ СОЗДАВААТ ЧУДА ОД СТАРИ ФАРМЕРКИ Дајмонд мол организира уникатен еко-настан што не се пропушта

Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина.

65

Под мотото „Рециклирај, креирај, блескај“, на 17 и 18 мај, Дајмонд мол ќе биде домаќин на едукативно-забавен дводневен настан, со цел да се подигне свеста за повторната употреба и рециклирањето на отпадот, особено меѓу најмладите.

Настанот опфаќа креативни работилници, модна ревија од рециклирани материјали, советувалиште за модни стилови, танцови перформанси, како и поставување специјални контејнери за рециклирање текстил во соработка со компанијата „Тексомак“.






На 17 мај (сабота), од 12 до 14 часот, децата од 5 до 12 години ќе имаат можност да учествуваат на забавни и интерактивни работилници каде ќе учат како да изработуваат накит, декорации и нови парчиња облека од стар текстил. Целта е да се поттикне креативното размислување и да се едуцираат децата за важноста на рециклирањето.

Следниот ден, на 18 мај (недела), ќе се одржи модна ревија со креации од отпад, детска модна ревија, советувалиште за модни стилови и танцова изведба на „Скил фактори“, исто така во терминот од 12 до 14 часот.

Покрај забавните активности, Дајмонд мол заедно со „Тексомак“ овозможува граѓаните да придонесат кон заштита на животната средина, со тоа што ќе можат да го одложат својот отпаден текстил во посебни рециклажни контејнери поставени на неколку локации во молот.

„Со овој настан сакаме да испратиме порака дека секој може да придонесе за поздрава животна средина, без разлика дали е дете или возрасен. Преку креативност и едукација, сите заедно можеме да направиме позитивна промена“, велат од Дајмонд мол.

Поврзани содржини