Дали за Задушница ќе има построги мерки на движење, ќе се знае деновиве
Добар дел од сега новодијагностицираните пациенти се луѓе што имале комуникација и што биле заразени со вирусот кога имаше ограничување на движењето. Податоците што ги даваат во анкетите укажуват дека имало практично прекршување на тие мерки што тогаш биле и во однос на движењето и во однос на собирите - рече Филипче.
Дали поради зголемениот број заразени од ковид-19 овие денови и за претстојниот празник Задушница ќе има построги мерки на движење, ќе се знае деновиве, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на прашања на новинарите.
– Какви мерки ќе има за Задушница ќе носиме одлука деновиве, има време до викендот. Сите опции се во игра. Ќе го провериме ризикот, дали луѓето ќе се придржуваат до мерките. Еве во Штип се повеќе луге има со маски поулиците – изјави денеска Филипче.
Тој потврди дека по откриен еден позитивен случај на ковид-19 на Клиниката за дигестивна хирургија, каде е заразена медицинска сестра, вкупно 17 нејзини колеги – медицински сестри и техничари се ставени во изолација, но дека оваа установа нормално фунционира.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека полицискиот час се укина по анализата и проценката на состојбата во врска со новодијагностицираните пациенти, меѓутоа и врз основа на времетраењето на истиот и што беа очекувањата за ефектот.
– Добар дел од сега новодијагностицираните пациенти се луѓе што имале комуникација и што биле заразени со вирусот кога имаше ограничување на движењето. Податоците што ги даваат во анкетите укажуват дека имало практично прекршување на тие мерки што тогаш биле и во однос на движењето и во однос на собирите. За тоа се пример семејните собири и секако – превентивните мерки во однос на носењето маски. Ние во еден момент мораме да ги попуштиме рестриктивните мерки што тогаш беа на сила, но интензивно ја следиме ситуацијата. Ако има потреба, согласно податоците и местата каде се детектираат новите пациенти и начинот на пренос – дали тоа бара или не некаква дополнителна рестрикција во движењето, Комисијата е спремна да го препорача тоа – рече Филипче.
Тој додаде: Морам да кажам дека огромен дел од сите новодијагностицираните практично кажуваат дека не се придржуваат до мерките за дистанца и носење на заштитна маска.
Иако денеска клиниките требаше да почнат со работа и редовно примање пациенти за преглед и контрола, тоа е одложено поради зголемениот број заразени со вирусот деновиве.