ДАЛИ СЛЕДИ ПОСКАПУВАЊЕ НА КОМУНАЛИИТЕ? Од АДКОМ разочарани од владата, повторно бараат субвенционирање на струјата

Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението.

55

Здружение на даватели на комунални услуги во кое членуваат повеќе од 90 jавни комунални претпријатија, соопшти дека е непријатно изненадено и разочарано од одлуката на Владата со која ЈКП не влегоа во пакетот за субвенционирана електрична енергија.

– ЈКП очекуваа Владата да ги исполни своите најави дека, во интерес на граѓаните и тие ќе влезат во овој пакет мерки. АДКОМ веќе излезе со последно предупредување и барање, Владата да им помогне да ја надминат енергетската криза. Сега останува најнепосакуваното решение – повисоки сметки за вода и комунални услуги со што ќе се удри по џебот на граѓаните. Од ЈКП уште еднаш предупредуваат дека постои опасност над милион граѓани да останат без вода за пиење, а 15 илјади вработени без работа, се наведува во соопштението.






АДКОМ, како што се посочува, бара Владата да докаже дека има слух за интересите на граѓаните и да излезе во пресрет на барањата на Јавните комунални претпријатија.

Поврзани содржини