Дали Сејдини и Османи ги расчистија дилемите околу името на државата во името на ФФ и репрезентацијата?

Главна тема на разговорот што го имале министерот за надворешни работи и претседателот на Фудбалската федерација биле законските обврски за примена на уставното име на државата.

397

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска му ги појаснил на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини законските обврски за примена на уставното име  на државата кај организации кои ја претставуваат земјата во странство и ги финансира државата.

Како што соопшти министерството за надворешни работи по средбата Османи – Сејдини централна тема на разговорот била именувањето на националната федерација и репрезентацијата.






„ Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација, како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата“, соопштина од МНР.

Соговорниците, се додава во соопштението, се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат.

На средбата, стои во соопштението, министерот Османи го известил Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи навремено реагирало и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките.

Османи им го честитал постигнатиот успех на дебито на Република Северна Македонија на овогодишното Европското првенство и упатил благодарност во името на Владата и Министерството за надворешни работи, за достоинственото претставување на земјата во меѓународната јавност.

 

Поврзани содржини