ДАЛИ СДСМ СТАНУВА ВТОРОТО ЛИЦЕ НА ДУИ? Реакција на Вреди на опструкциите во Собранието

Изразуваме жалење што СДСМ, во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните, на дневна основа создава нови и нови политички соперници – пишува Вреди во соопштение

0

Партијата Вреди целосно застана зад претседателот на Собранието Африм Гаши, кој, како што нагласува партиајта, за да избегне блокирање на државата заради дневна политика, е принуден да влече непопуларни потези кои му ги овозможуваат Уставот и Деловникот.

„Без да се мешаме во состојбите во македонскиот политички блок, изразуваме жалење што СДСМ во обидот да ја врати изгубената доверба од граѓаните на дневна основа создава нови и нови политички соперници.






Ваквата антинародна политика на раководството на СДСМ е доказ за нивното лицемерие. Актуелната Влада раководи со државата едвај две години, период во кој најмногу се занимава со нерешените прашања и долгови кои во наследство ни ги остави претходната Влада. Ова раководство на СДСМ, исто како она на ДУИ, само заради тоа што не се власт, со сите сили се обидува да ја блокира државата, правејќи се наудрени дека тие немаат одговорност за ништо. Вреди нема да дозволи опструкции на државата заради кои ќе страдаат граѓаните. А СДСМ треба да и одговори на јавноста дали станува второто лице на ДУИ“ – пишува Вреди во соопштение.

Претходно лидерот на СДСМ најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска од СДСМ. Истовремено, СДСМ се повлече од Комисијата за финансирање и буџет.

Како реакција, СОбранието соопшти дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности.

СДСМ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ Филипче најави кривична за Гаши бидејќи закажал седница без Лукаревска

 

ГАШИ НЕ ГО ПРЕКРШИЛ ДЕЛОВНИКОТ Ја свикал Комисијата за финансирање за да се испочитуваат роковите

 

 

 

 

Поврзани содржини