ДАЛИ НОВОВРАБОТЕНИТЕ ВО ВОДОВОД ЌЕ СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА? Инспектори за труд треба да ги утврдат дали се незаконски и прераспределувањата

Пријава до инспекторатите е поднесена од синдикатот СУТКОЗ и ССМ кои бараат да им се вратат старите задолженија на работниците, а да продолжи постапката за вработување на 100 нови работници почната од претходниот директор.

169

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, денеска Државен инспекторат за труд и Државен управен инспекторат, влезе во претпријатието ЈП Водовод и канализација – Скопје, за да направи увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

Синдикатот СУТКОЗ при ССМ информираа дека претходно тие  испратиле и барање до Управниот одбор да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ и ССМ, Дарко Димовски оствари и средба со в.д. директорот, на која му укажа на сите неправилности и постапувања спротивни на Закон и Колективен договор од страна на новото раководство.






– Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија – изјавија синдикатите.

Исто така Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, алармира дека претходното раководство, дало согласности ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени кои се на определено време, а новиот в.д. директор Марјанчо Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување, со што оставил стотина фамилии без егзистенција.

 

Поврзани содржини