ДАЛИ Е УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА? Бугари чествуваа во Скопје македонска револуционерка (ВИДЕО)
На чествувањето присуствуваше и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.
Организирани од Фондацијата „Македонија“ македонските Бугари денеска организираат одбележување на денот кога била убиена македонската револуционерка Мара Бунева во центарот на Скопје. Тие присуствува на панихида Бунева во црквата Свети Димитрија во Скопје, а потоа се упарија до спомен-плочата на Бунева на кејот на Вардар.
Претседателот на Фондацијата, Виктор Стојанов на социјалните мрежи објави дека стотина Бугарија ја поминале државната граница и се во Скопје за да ѝ дадат почит на Бунева
– Обединети и организирани ние можеме да бидеме лидерите на Балканот. Јас сум заглавен на граница и не можам да ја поминам но среќен сум од тоа што го видов. Среќен сум што сме обединети, макар на еден ден за Мара – вели Стојанов.
На честввуањето присуствуваше и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.
– Се собираме на Кејот на Вардар за да и оддадеме почит на големата Бугарка Мара Бунева и да укажеме поддршка на браќата Бугари во Македонија. Соврани се овде заедно да ѝ кажеме многу јасно на владејачките србомански политички елити да ги остават македонските Бугари. Да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната. Браќа Бугари во Македонија, ние Бугарите од Бугарија сме вашиот грб и потпора, нема да ве оставиме и нема да дозволиме никој да биде српечен како да се чувствува. Нема да дозволиме наметнување на туѓ културно-историски и политички модел на Бугарите во Македнија – рече Џамбаски.
Во последните неколку години бугарски здруженија се собираа пред спомен-плочата на Мара Бунева која го извршила атентатот врз државниот обвинител на Србија, Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година.
Бунева е родена во Тетово. Според толкувањето на историчарите, искривувањето на историјата и вистината, тврдењата дека Бунева била Бугарка е српска пропаганда за да се оправда соживотот во СФРЈ, како и да се сокрие српската окупација на Македонија. Нивна забелешка е дека македонската држава не направи спомен обележје достојно на саможртвата на Бунева, туку се дозволи присвојување на нејзиното дело за туѓи интереси.