Ние сѐ уште сме колеги во владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух, вели генералниот секретра на ДУИ Артан Груби во интервју за албанскиот весник „Шќип“, на прашањето дали контактираат со СДСМ и дали Заев сигнализирал повторно влада СДСМ -ДУИ.
Интересн е одговорот на Груби на прашањето дали ако се изјаловат преговорите со СДСМ, ДУИ е подготвена за преговори со ВМРО-ДПМНЕ. Тој во одговорот како да ги намалува шансите за можна влада со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи исклучува било каква соработка со Левица.
– За Ахмети и сите нас во Демократската унија за интеграција, Охридскиот договор, Договорот од Преспа и тој за добрососедство, т.е. целосна еднаквост и евроатлантскиот пат, претставуваат црвени линии од кои нема враќање назад за која било цена и под никакви околности. Дел од некое евентуалното алтернативно мнозинство би била партијата Левица и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволи – вели Груби.