ДА ТРГНЕА НА КОНТРОЛНАТА КУЛА ВО ЊУЈОРК ИЛИ ВО ПАРИЗ, ЌЕ БЕА „РЕШЕНИ“ УШТЕ ПРИ ОБИДОТ Стојанче Ангелов за насилството врз контролорите на летање
Страшно е тоа што насилниците кои неовластено влегоа во кругот на М-НАВ, вклучително и во просториите на контролата на летање, нападнаа дежурен контролор на летање, ги вознемирија и ја загрозија безбедноста и на останатите дежурни контролори, а ја загрозија и безбедноста на воздушниот сообраќај на македонското небо и аеродроми.
Во пост на профилот на Фејсбук со наслов „Страв од летање“, лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов се осврнува на скандало во М-НАВ.