ДА РАБОТАМ НАПОРНО, САМО ТАКА ЗНАМ Христо Кондовски промовиран за кандидат на СДСМ за Битола
Мојата неaера е да обезбедам континуитет на она што е досега сработено во мандатот на почитуваната градоначалничка Наташа Петровска, но и да овозможам со уште повеќе работа тоа да се надогради и развива во посакуван правец за сите граѓани на Битола, рече Кондовски.
Ќе ја оправдам довербата и кандидатскиот статус ќе го преточам во градоначалнички мандат, вложувајќи ги сите мои професионални квалитети во мисијата Битола да ја направиме подобро и поубаво место за живеење, изјави Христо Кондовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Битола.
Кондовски посочи дека како докажан и успешен менаџер ќе ги стави во функција сите свои знаења, вештини, способности и контакти со цел Општина Битола да продолжи по патот на развојот и просперитетот со една забрзана динамика.
– Согласно со изборните правила, наскоро ќе ги презентирам и моите проекти и концепти за развој на градот. Во изборната програма што ќе ја понудам, вклучени се и сите сугестии, предлози, барања што моите сопартијци ги нотираа на теренските активности. Знам дека очекувањата на битолчани се големи и се насочени кон понатамошен просперитет на општината. Знам дека нѐ чека многу работа, но да работам напорно – единствено така знам. Мојата немера е да обезбедам континуитет на она што е досега сработено во мандатот на почитуваната градоначалничка Наташа Петровска, но и да овозможам со уште повеќе работа тоа да се надогради и развива во посакуван правец за сите граѓани на Битола. Ќе работам домаќински, одговорно и транспарентно, посветено и со љубов како што сите ние секој ден треба да работиме на обврската Битола да биде уште поубаво место за живеење – истакна Кондовски денеска на прес конференција во Битола.
Запрашан што е најголемиот проблем во Битола, тoj одговори дека тоа е ефикасноста, брзината во работењето.
– Ефикасноста, брзината на работењето. Досега имало добра намера, домаќинско работењето требало само да се изменаџира побрзо. Се менаџирало, не велиме дека не се менаџирало, но трбало уште подобро да се менаџира, треба да се направи некое преструктурирање на јавните претпријатија од аспект на ефикасностa – рече Кондовски.
На опозицијата Кодновски ѝ порача дека ќе води позитивна кампања.
– Oној што ќе биде опонент го канам уште првиот ден на кафе, за да пуштиме рака, за една фер плеј позитивна кампања. На битолчани им е смачено да слушаат кој колку не чини, треба да слушаат кој колку ќе работи – рече тој.