ДА ПРОДОЛЖИМЕ ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ, ДА ОСТАНЕМЕ СПЛОТЕНИ Градоначалникот Ѓорѓиевски на ифтарска вечера

Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

0

Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, објави градоначалникот.






Рамазанските денови, додаде тој, се денови на духовна сила, добрина, солидарност и на обединување.

„Денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето. Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша Ѓорѓиевски.

На сите верници им посакувам лесен и благословен пост, додаде тој.

Поврзани содржини