„ДА ОСТАНЕВМЕ ЗАЕДНО ЌЕ ГО УБИЕВ СО ГОЛИ РАЦЕ“ Славната пејачка откри ужасни работи по разводот од колегата
Карди Би потсети дека била во брак седум години и дека цело време била верна, а сега кога е посреќна, ја навредуваат и ја нарекуваат со погрдни имиња.
Познатата пејачка Карди Би (32) отворено проговори за разводот од раперот Офсет и откри дека конечно се чувствува среќна и слободна по години емоционална исцрпеност и ментален стрес.
Карди им се обрати на своите обожаватели преку гласовна порака на Јутјуб и детално раскажа низ што поминала кога била со Офсет, со кого има две деца.
Таа рекла дека не мисли дека луѓето разбираат колку е изморена, ментално исцрпена, нема апетит, има постојани главоболки, чувствува како да го губи разумот. Карди додала дека му давала шанса по шанса, одново и одново. Тврди дека сè било толку интензивно што верувала дека ќе „завршила во затвор“ ако останеле заедно затоа што, вели таа, „буквално ќе го убиела со свои раце“.
Иако многумина мислат дека причината за раскинувањето била само неверството, Карди тврди дека проблемите биле подлабоки – постојаните лаги, манипулациите и секојдневната драма ја уништиле емоционално. Таа била толку под стрес што се будела параноична, па дури и нејзините менаџери биле загрижени и ѝ предложиле да побара стручна помош.
„Се смиривме, повторно се вљубив, решив да имам уште едно дете, ќерка Блосом… Но, сега е крај, навистина крај“, рекла Карди и додала дека не знае што очекувале луѓето од неа.
Пејачката исто така рекла дека сега се чувствува смирено, среќно и слободно. Таа исто така рекла дека е на место каде што се чувствува добро, како повторно да учи како да живее, како да се забавува… Признала дека морала да научи да се сака себеси, да се помири со себе и да пролее многу солзи за конечно да може да каже: „Да, се чувствувам добро“.
Иако вели дека е среќна, признала дека не разбира колку омраза добива, особено од мажите. Таа потсети дека била во брак седум години и дека цело време била верна, а сега кога е посреќна, ја навредуваат и ја нарекуваат со погрдни имиња.
Патем, Карди Би и Офсет се венчаа во 2017 година, а се разведоа првпат во 2020 година. Потоа, се смирија, а таа го иницираше вториот и последен развод во јули 2024 година.
Карди Би сега е во врска со Стефон Дигс, американски фудбалер.