ДА БИДАМ ИСКРЕН, БЕЗ НАВРЕДА, АМА… Зошто е прифатливо да се изговара навреда, со три воведни зборови што не ослободуваат од одговорност?

Без навреда, ама - во превод, ова значи дека е навредливо, но сепак ќе го кажам. И бидејќи се извинив однапред, чувствувам дека лицето не треба да се навредува. И така, „несвесно“, повеќето луѓе комуницираат на начин што целосно ја навредува другата личност. И така, „несвесно“, ние сме слободни да ги искубеме туѓите пердуви, да ја излупиме туѓата кожа, бидејќи однапред си дадовме зелено светло за она што следува.

973

Се сеќавате дека како деца ни велеа: „Размисли пред да кажеш нешто“ или „Ако немаш ништо паметно да кажеш, молчи!“

Нашиот стил на комуникација ги вклучува нашите зборови, тон на гласот, гестови, израз на лицето и говор на телото. Изговорените зборови можат да бидат многу моќни, без разлика дали зборувате или слушате. Зборовите можат да направат многу добро, а можат и многу лошо. И токму денес, кога зборовите летаат побрзо од кога и да е, во духот на слободата на говорот, честопати среќаваме луѓе кои спаѓаат во категоријата: Тресна и остана жив. Најголемата грешка што можеме да ја направиме е да веруваме дека нашите зборови немаат тежина во туѓиот живот.






Зборовите што ги изговараме нешто значат

Дали тоа значење е позитивно или негативно, зависи од нас. Ако сакаме да живееме алтруистички и да влијаеме на светот, ајде да се обидеме да започнеме со промена на фразите што редовно се користат.

Да почнеме со тоа кога и каде ги користиме овие фрази – дали е тоа во разговор со нашите претпоставени, вработени, пријатели, семејство? Кога ја препознаваме вредноста што ја имаат нашите зборови, го правиме првиот чекор во подобрувањето на нашата комуникација, а тоа е да престанеме да ги користиме овие фрази.

 

  1. Без навреда, ама…

О, да, ова сигурно ќе боли? Колку пати сте слушнале, па дури и сте започнале реченица со овие три мали, a толку големи зборови?

 

Без навреда, ама – во превод, ова значи дека е навредливо, но сепак ќе го кажам. И бидејќи се извинив однапред, чувствувам дека лицето не треба да се навредува. И така, „несвесно“, повеќето луѓе комуницираат на начин што целосно ја навредува другата личност. И така, „несвесно“, ние сме слободни да ги искубеме туѓите пердуви, да ја излупиме туѓата кожа, бидејќи однапред си дадовме зелено светло за она што следува. Зошто е општо прифатено да се изговара навреда, со три воведни зборови што не ослободуваат од одговорност? Дали тие го ублажуваат ударот во лицето?

Опкружени со луѓе што започнуваат реченици на овој начин, многу брзо можеме да почнеме да се чувствуваме несреќни и неспособни. Затоа, ако веќе треба да испратите „критика“ или повратна информација што можеби е потешко да се проџвака, би било подобро да ги користите следниве фрази: Загрижен сум за ова затоа што … Или, уште пољубезен и понежен пристап би бил: дали си отворен за повратна информација?

 

  1. Да бидам искрен…

Секоја реченица што започнува на овој начин не може да заврши добро. Ако слушате што велат луѓето во текот на денот, ќе слушнете многу варијации на тема „искреност“. Што го поставува легитимното прашање  – „Дали не бевте искрени досега?” „Зошто мора да нагласите дека сега сте искрени?“ Може да се каже дека ова е само лоша навика што брзо ја усвоивме.

Без разлика дали сте среде дискусија или само се обидувате да заработите нечија доверба, започнувањето реченица со фразата „да бидам искрен“ може да го наруши вашиот кредибилитет.

Кога ги прашувате луѓето – Како ви се допадна овој филм? Како одговор, ќе слушнете – Да бидам искрен, навистина не ми се допадна. Зошто воопшто ја користите оваа фраза? Зарем би биле неискрени ако ви се допаднеше филмот? Треба да застанеме со овој вовед и едноставно да го изразиме своето мислење на добар начин, без да ги подготвуваме луѓето за следното. Па, како замена, користете фрази како „Може ли да бидам директен?” или „Всушност…“

 

  1. Со должна почит …

Оваа фраза е исто толку лоша како што е и без навреда, ама…

 

Изворно се користи за ублажување на аперкатот што доаѓа и укажува на несогласување, вклучува критика и води кон конфликт. Ако го слушнете тоа, наскоро ќе бидете непочитувани. Ако не се согласувате со нешто, можете да го кажете на безброј други начини што не ја предизвикуваат личноста со која разговарате. Сакате да кажете нешто што во секој случај би можело да биде навредливо за другите, затоа отстранете го воведот и бидете директни. Или молчете.

 

  1. Жал ми е, ако…

Размислете за последниот пат кога рековте: „жал ми е ако…“ Дали го мислевте тоа сериозно? Дали навистина направивте нешто за да го оправдате извинувањето? Или само ја искористивте фразата за да ја исполнивте тишината? Ако речете или направите нешто што не треба, прифатете го тоа и искрено извинете се. Во спротивно, употребата на зборот АКО подразбира дека чувствувате дека не сте направиле ништо лошо, но се извинувате затоа што е тоа важно за личноста со која комуницирате.

 

  1. Како што реков…

 

Иако ви се чини дека постојано ги објаснувате истите работи, важно е да ја избегнете оваа фраза што го убива моралот. Просечна вработена личност прима 122 пораки дневно, а секој од нас има до 70.000 мисли, така што ќе треба да простите ако повремено се пропуштат некои од вашите комуникации.

Наместо да привлекувате внимание на фактот дека се повторувате (колку и да изгледа тоа задоволувачки), обидете се да внимавате на фактот дека – како и вие – и личноста од другата страна е исто така зафатена, а понекогаш деталите едноставно склизнуваат.

Сите ние понекогаш погрешно изговараме или злоупотребуваме зборови. Можеби сме се фатиле за фрази што нашите родители ги користеле погрешно. Или можеби сме ги собрале од филм, телевизија или од социјалните медиуми без да сфатиме дека се користат несоодветно – или уште полошо, навредливо.

Во ред е; повеќето од нас несвесно користат проблематични зборови и фрази одвреме навреме, не размислувајќи за нивното потекло или како би можеле да им наштетат на луѓето со кои комуницираме. Она што е погрешно е што продолжуваме да го правиме ова откако го знаеме нивното вистинско значење.

 

Постојат многу замени за фразите од кои можете да изберете. Иако многумина ќе тврдат дека луѓето кои сметаат дека овие фрази се несоодветни се преосетливи, ќе одвојам момент да ве потсетам дека е синоним за чувствително разбирање. Ако вашите зборови можат да ги повредат другите, зошто да не се обидете да најдете подобри зборови? Впрочем, ги има многу што можеме да ги избереме, а кои служат за подобро разбирање и унапредување на комуникацијата.

Фото: Pexels

Поврзани содржини