ДА ЈА ЗАДРЖИМЕ ИСТОРИСКАТА ВРСКА МЕЃУ ИТАЛИЈА И АЛБАНИЈА Мелони му одговори на Рама за честитките
Благодарам Еди Рама. Врската меѓу Италија и Албанија е историска врска и стратешка соработка која сакаме да ја зачуваме и негуваме, пишува Мелони во објава на Твитер, одговарајќи му на Рама кој ѝ честиташе за премиерската функција.
Премиерката на Италија Џорџа Мелони одговори на честитките на премиерот Еди Рама за новата функција како „прва жена повикана од народот да ја води италијанската држава”. Таа нагласува дека врската меѓу две земји е историска врска со стратешка соработка и нагласува дека сака овој стратешки однос да се зачува и негува.
Можеби ќе ве интересира
„Благодарам Еди Рама. Врската меѓу Италија и Албанија е историска врска и стратешка соработка која сакаме да ја зачуваме и негуваме“, пишува Мелони во објава на Твитер.
Премиерот Рама вчера ѝ честиташе на италијанската колешка по преземањето на функцијата премиер на Италија.