ЦУК ЌЕ ВЕЖБА ГАЃАЊЕ СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Жителите на Делчевско да си седат дома!

140

Регионалниот центар за управување со кризи Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека утре, 20.10.2023 година во периодот од 08.00 часот до завршување на гаѓањето од страна на РЦ – ИСТОК и ПС за граничен надзор – Делчево, ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје.

Боевото гаѓање, како што се вели во соопштението, ќе се изврши на временото стрелиште на место наречено Виречка полјана – атар на селото Вирче, поради што на споменатата локација времено ќе биде забрането движењето на луѓе, како и испаша на домашни животни.






„Го известуваме населението дека на 22.10.2023 година (недела) ПС од општа надлежност – Делчево, ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје, во периодот од 09.00 часот до 14.00 часот. Поради тоа се забранува секакво движење на луѓе и вршење на каква било работа и испаша на домашни животни“, се наведува во информацијата од Регионалната канцеларија на ЦУК Делчево.

Целта е да се спречат евентуални несакани последици по населението кое живее во поширокиот реон на стрелиштето.

 

Поврзани содржини