Црн ден на македонските патишта, еден починат и десетина повредени

Приведен Турчин бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „апси“ по барање на СВР Куманово

466

ПРИВЕДЕН ТУРЧИН ВО ОБИД ДА ИЗБЕГА – На 24.08.2020 во 18.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“, полициски службеници го привеле Т.Е.(56) од Р.Турција бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „апси“ по барање на СВР Куманово. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА КАЈ МАВРОВО – На 24.08.2020 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(50) од Свети Николе и патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.






ЕДЕН ПОЧИНАТ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СТРАЦИН – На 24.08.2020 во 15.05 часот било пријавено дека во с.Страцин, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски таблици од Македонска Каменица, управувано од С.Ѓ.(23) од с.Саса-Македонска Каменица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од с.Мала Речица, тетовско. Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф“, В.Ј. (53) од с.Костин Дол-Македонска Каменица, а додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило В.Ј.(50), Н.Ј.(20) и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар Куманово. Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово за укажување на лекарска помош. Извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово.

СТРАШНА НЕЗГОДА КАЈ „СТРАЖА“ – На 24.08.2020 во 20.30 часот било пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во правец на превој „Стража“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(74) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 406“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(58) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., а со телесни повреди се здобил Ј.К. и двајца сопатници од возилото “пежо“ А.М. и Т.Б., констатирани во Медицинскиот Центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

ЈА КАСНАЛО КУЧЕ ДОДЕКА ВОЗЕЛА ВЕЛОСИПЕД – На 24.08.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Д.(53) од Скопје пријавила дека додека се движела под железничкиот мост со велосипед, била касната од куче скитник.

МУ НАШЛЕ НОЖ ВО ЏЕБОТ – На 24.08.2020 во 17.30 часот на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед на Д.С.(20) од Скопје при што пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПО 10 ДЕНА СЕ ЈАВИЛ ДЕКА Е КАЈ ТАТКО МУ – На 24.08.2020 во СВР Тетово, М.Т.(42) од Тетово пријавила дека нејзиниот син А.Т.(19) се јавил и ја известил дека се наоѓа кај неговиот татко. Инаку, М.Т. на 14.08.2020 пријавила дека нејзиниот син се оддалечил од дома.

КАЗНИ ЗА 13 ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА – Во текот на 24.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 13 возила бидејќи биле нерегистрирани, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца поради поминување на крстосница на црвено светло и 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Поврзани содржини