ЦИКЛОН УДИРА ВО ЗЕМЈАВА Следуваат дождови, засилен ветер и нагло затоплување

Циклонската активност носи нестабилно време, засилен јужен ветер и локални врнежи, а температурите постепено ќе растат.

10,191

Под влијание на изразена циклонска активност, времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со умерен, а наместа и засилен јужен ветер, информираат синоптичарите.

Минималните утрински температури се движат од 2 до 7 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 8 до 15 степени, што создава услови за нестабилност и нагли временски промени.






Во наредните денови се очекува променливо облачно и потопло време, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни дождови се најавуваат кон средината на следната седмица, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе останат над нулата.

Mинималните температури денеска се над нулата во целата држава. Најладно утрово е измерено во Гевгелија – 2 степени, додека најтопло е во Битола со 12 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 10 степени.

Синоптичарите апелираат на зголемена внимателност, особено во сообраќајот, поради можни влажни коловози и налети на ветер.

Поврзани содржини