„ЧУДОТО ОД ДЕТЕ“ ГО МАЧАТ ПОВРЕДИ Халанд нема да заигра против Севиља во Лигата на шампиони
Дваесет и двегодишниот Норвежанец сѐ уште ја нема стекнато потребната подготвеност по повредата.
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ќе го пропушти финалниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Севиља, објави Би-би-си.
Тренерот на „граѓаните” Хосеп Гвардиола изјави дека напаѓачот нема да биде во тимот за претстојниот натпревар.
Дваесет и двегодишниот Норвежанец сѐ уште ја нема стекнато потребната подготвеност по повредата.
Да потсетиме дека Халанд се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:0) и беше заменет на полувремето.
Во сезоната 2022/23, Халанд постигна 22 гола и три асистенции на 16 натпревари за Манчестер сити.