ЧОВЕК СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА Побара поддршка за настраданите во трагедијата во Кочани

Тој откри дека во пожарот во „Пулс“ загубил петмина другари и нагласи дека мора да се преземе нешто за народот во Кочани да може да живее.

3,385

Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на плоштад Македонија во Скопје беа сведоци на необична сцена – непознат маж, залепен со селотејп за бандера, во близина на фонтаната.

На обидите на минувачите и медиумите да добијат одговор зошто го прави ова, мажот кратко изјавил дека „нема да каже ништо сè додека не дојдат сите новинари“.






Подоцна човекот проговори. Тој откри дека се работи за герила-акција на „Сапорт Кочани“ во знак на поддршка за настраданите и повредените во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

 

– Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Зошто тој град во овие 30 години никогаш не бил битен? Дај да биде ова пример, да направиме нешто за овој град – рече кочанчанецот Мартин.

Тој откри дека во пожарот во „Пулс“ загубил петмина другари и нагласи дека мора да се преземе нешто за народот во Кочани да може да живее.

– На едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и нозете, а една ракавица е 1.000 евра. Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата нема да ги обезбеди тие пари. Да се соберат барем пари за тие деца – додаде младиот кочанчанец.

 

Поврзани содржини