ЧОМБЕ НА ЧЕЛО НА СДСМ-СКОПЈЕ Ѓорѓи Галетановски ветува фокус на младите и чист град за сите

Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, вели Филипче во објавата.

1,111

Нов претседател на Градската организација на СДСМ Скопје е Ѓорѓи Галетановски – Чомбе. Оваа информација ја сподели претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук страницата на партијата.

„Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ“, вели Филипче во објавата.






Галетановски на својот фејсбук-профил се заблагодари за поддршката и добиената доверба да раководи со Градската организација.

„Чест ми е што денес ја преземав функцијата претседател на градската организација на СДСМ. Му благодарам за довербата на претседателот Венко Филипче а на граѓаните на Скопје им ветувам дека ќе се заложам за брзо решавање на локалните проблеми на Скопјани. Воедно давам збор дека секогаш ќе бидам на браникот на младите и како што во минатото помагав на секој граѓанин без разлика на верска национална партиска припадност така и ќе продолжам. Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите“, напиша Галетановски.

Галетановски е поранешен директор на Зоолошката градина – Скопје и истовремено ја стекна својата голема популарност како еден од најдобрите раководители што некогаш ги имала ЗОО Скопје.

Поврзани содржини