ЧЕТВОРИЦАТА ПОВРЕДЕНИ КАЈ КАТЛАНОВО ЗАКРЕПНУВААТ Медицинските тимови со натчовечки напори им ги спасија животите
Во страшната сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес животот го загубија три лица, а петмина со потешки повреди беа пренесени во Скопје. Четворица од нив, кои беа со најсериозни повреди, беа примени на Клиника, додека петтиот беше примен во старата Градска болница.
Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност.
– Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија. Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани – информираат од ТОАРИЛУЦ.
- ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ПРИ ПРЕВРТУВАЊЕ НА ПАТНИЧКО КОМБЕ! Во страшната несреќа кај Катланово се повредени 5 лица кои завршиле во болница
- ДВАЈЦА СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ ПО СТРАШНАТА НЕСРЕЌА КАЈ КАТЛАНОВО Еве каква е состојбата на повредените, потресни детали од болниците
Во страшната сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес животот го загубија три лица, а петмина со потешки повреди беа пренесени во Скопје. Четворица од нив, кои беа со најсериозни повреди, беа примени на Клиника, додека петтиот беше примен во старата Градска болница.
- СТРАШНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ! БРЗАТА ПОМОШ ВЕЌЕ Е НА ПАТ! Сообраќајот е блокиран на делницата Скопје – Велес
- ЗНАМИЊАТА НА ПОЛОВИНА КОПЈЕ, ТИШИНА ВО КАФЕАНИТЕ Ден на жалост во Велес поради тројцата загинати во сообраќајка
Советот на Општина Велес 18 октомври 2024 година, го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата велешани во сообраќајната несреќа што се случи на 16 октомври 2024 година.