Четри лица приведени за „Јавна соба“, администраторите отвораат нова група

Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност - напиша Спасовски.

425

Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се приведени денеска во врска со случајот„Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот фејсбук-профил.

– Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност – напиша Спасовски.






Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења поради овој случај со незаконско споделување и ширење на експлицитни фотографии, преку платформата „Телеграм“.

Поврзани содржини