Ноа Брајонт нарачал 51 пакетче, и во секое од нив имало 918 лижавчиња.
„Амазон“ најпрво соопшти дека нема намера да ја откаже нарачката, па мајката на детето морала да ја плати големата сметка.
Но, приказната на крајот добила среќен крај. „Амазон“ соопштил дека во контакт со семејството на детето, ќе ги донира лижавчињата на хуминатарна заедница за помош на едно дете.
Во меѓувреме, страницата GoFundMe собра повеќе од 11.000 долари за да им помогне на момчето и на неговото семејство.
Мајката рекла дека сите дополнителни пари што ќе бидат собрани ќе се наменат за образованието на Ноа, кој има нарушување на аутистичниот спектар (АСД).
ФОТО: JENNIFER BRYANT/gofundme.com