ЧЕТИРИ СОЈУЗНИЦИ ВО БОРБАТА СО ВИСОКИОТ ПРИТИСОК Намалете ја можноста од опасни компликации!

Во народната медицина особено ценети за намалување на високиот крвен притисок се 4 намирници. Освен лукот, тука спаѓаат кромидот, сокот од домати и глогот

1,729

Високиот крвен притисок (хипертензија) е, генерално, состојба без симптоми при која абнормално високиот крвен притисок во артериите го зголемува ризикот од проблеми како што се мозочен удар, аневризма, срцева слабост, срцев удар и оштетување на бубрезите.

Во народната медицина четири намирници се особено ценети за намалување на високиот крвен притисок.






Пред сè, тоа е лукот. Алицинот, органско сулфурно соединение во лукот, го намалува крвниот притисок, понекогаш кај луѓе со потешки форми на хипертензија. Покрај тоа, тој е корисен за целиот васкуларен систем бидејќи ги штити крвните садови од оксидативни и воспалителни процеси.

Кромидот е ценет и затоа што има многу слични лековити својства како лукот. Има и алицин, но и растителен хормон сличен на инсулинот, поради што е добар избор за дијабетичари бидејќи кај полесните облици на болеста може да влијае на регулирање на шеќерот во крвта.

Сокот од домати е уште еден одличен природен лек за висок крвен притисок. Освен што го намалува крвниот притисок, ја намалува шансата за тромбоза со тоа што ја намалува можноста за лепење на тромбоцитите. Треба да пиете чист сок од домати, без сол.

Добар избор за намалување на крвниот притисок е и чајот од глог. Но, тој може да помогне и при низок крвен притисок. Глогот се вбројува во најлековитите растенија кога се работи за проблеми со срцето.

Ако земате лекови за притисок, продолжете да ги земате. Овие упатства не се лек, туку помош која може да ублажи некои тегоби.

 

Фото: Unsplash

Поврзани содржини