Четири години затвор за Саркози, бара француското обвинителство

459

Обвинителите во судскиот процес против поранешниот француски претседател Никола Саркози побараа денеска тој да биде осуден на четири години затвор, од кои две да бидат условни и евентуално отслужени при ново кривично дело по одреден период.

Шеесет и пет годишниот десничарски политичар, прв шеф на државата кој се појавил на обвинителна клупа во модерната историја на Франција, е обвинет дека се обидел да поткупи судија со атрактивна работа во замена за внатрешна информација за истражување на финансиите во неговата предизборна кампања

Поврзани содржини