🎥 ЦЕРЕМОНИЈАТА ВО ПАРИЗ Е КРАЈНО НЕПОЧИТУВАЊЕ КОН ХРИСТИЈАНИТЕ Илон Маск со остри реакции за костимите и за кореографијата

И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година. Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и на кореографијата.

2,300

Милијардерот Илон Маск реагираше за свеченото отворање на Олимпијадата во Париз.

„Ова беше крајно непочитување кон христијаните“, напиша Маск на социјалните мрежи.






Тој одговори на твит објавен од една корисничка на платформата „Икс“.  Во нејзиниот твит има снимка од церемонијата на отворањето на Олимпијадата, на која таа коментира: „Отфрлање на дегенерацијата“.

И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година.

„До сите христијани во светот кои ја гледаа церемонијата на отворање и беа навредени од оваа пародија на Тајната вечера. Знајте дека ова не го зборува Франција, туку левичарско малцинство кое е подготвено на секаква провокација“, напиша Марешал на социјалните мрежи.

Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и на кореографијата.

Летните олимписки игри 2024 беа отворени синоќа во Париз.

Поврзани содржини