ЦЕНАТА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 96,4 ЕВРА На македонската берза денеска бројката изнесува 81,09 евра

ЕДС Инфо Поинт соопшти дека, имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и во светот, важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

499

Цената за еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 96,40 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 81,09 евра/mwh, информира ЕДС Инфо Поинт повикувајќи се на податоците на берзата HUPX во Унгарија и на домашната берза МЕМО за 19 септември.

Според податоците на компанијата, цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 39,49 евра за мегават час, а на MEMO 8,36 евра.






Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 35,01 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 32,90 евра, велат од ЕДС Инфо Поинт.

Компанијата соопшти дека, имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и во светот, важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Според компанијата, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас, кои ги подготвува аналитичкиот тим на ЕДС, може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Податоците од берзата МЕМО кои се следат се со почетен датум од 10 мај 2023 година, а податоците за TTF Dutch Day-Ahead производот се презентирани почнувајќи од 1 јули 2023 година.

Поврзани содржини