ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА ПАК ОДИ НАГОРЕ Бензините поскапеа за 1, а дизелот за 0,5 денари

Новата цена веќе ја соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

933

Осма седмица по ред расте цената на горивата, а Регулаторната комисија за енергетика реши во следните седум дена цените на горивата да се зголемат, за 1 денар за бензинот, 0,5 денари за дизелот.

Ова го најави Марко Бислимовски, претседателот на РКЕ.






Новите цени ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 82 денари за литар, а  „еурсупер БС-98“ ќе се продава по цена од 84 денари за литар.

„Еуродизел“ ќе се продава по цена од 74 денари за 1 литар.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и понатаму останува 73 денари за литар.

За 0,046 денари за килограм се намалува цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 46,491 денари.

Поврзани содржини